Скиентолошка црква

Црква на скиентологијата
Скиентолошка зграда во Лос Анџелес, Калифорнија
Основана1954 г.[1]
СедиштеЗлатна база
МестоОкруг Риверсајд, Калифорнија, САД
Претседател на Центарот за религиозна технологијаДејвид Мискевиџ
Мреж. местоwww.scientology.org

Црквата на скиентологијата (анг. Church of Scientology) е организација посветена на праксата и промоцијата на скиентологијата. Меѓународната црква на скиентологијата (анг. Church of Scientology International) е матичната организација на Црквата на скиентологијата и е одговорна за целокупното управување, дисеминација и пропагација на скиентологијата.[2][3][4] Секоја скиентолошка црква е поединечно регистрирана и има свој управен одбор којшто е одговорен за активностите и корпоративната благосостојба на истата.[5][6][7] Првата скиентолошка црква е регистрирана во декември 1953 година во Камден, Њу Џерси од страна на Л. Рон Хабард.[8][9] Нејзиното меѓународно седиште се вика „Златна база“ и се наоѓа во Округ Риверсајд, Калифорнија, но локацијата се чува во тајност од повеќето скиентолози.[10]

Највисокиот орган на Црквата на скиентологијата е Меѓународната црква на скиентологијата (анг. Church of Scientology International—CSI) заедно со Центарот за религиозна технологија (анг. Religious Technology Center—RTC), чие седиште е во Лос Анџелес. Меѓународната црква на скиентологијата е „матичната црква и ја има мисијата да го пропагира скиентолошкото кредо низ светот“. Основната функција на Центарот за религиозна технологија е „да ja зачува, одржи и заштити чистотата на скиентолошката технологија во согласност со оригиналните истражувања на Хабард, и да се осигура нејзината правилна и етичка доставка“. Организацијата Меѓународни скиентолошки мисии (анг. Scientology Missions International) е под контрола на Меѓународната црква на скиентологијата и Центарот за религиозна технологија, и функционира како „централната црква на скиентолошките мисии низ целиот свет“.[11]

Иако во некои земји таа има постигнато законско признавање како религија,[12] Црквата на скиентологијата е предмет на голем број контроверзии, и е опишана од своите критичари и како секта и комерцијален потфат.[13]

Историја

Л. Рон Хабард, основачот на Црквата на скиентологијата.

Првата скиентолошка црква е регистрирана во декември 1953 година во Камден, Њу Џерси[8][9] од Л. Рон Хабард, неговата сопруга Мери Су Хабард и Џон Галуша, иако Меѓународното Хабардово здружение на скиентолози веќе работеше од 1952 година[14][15] и Хабард продавал скиентолошки книги и други предмети. Набргу потоа, тој ја објаснува религиозната природа на скиентологијата во билтен до сите скиентолози,[16] истакнувајќи ја нејзината врска со дармата. Првата скиентолошка црква се отвори во 1954 година во Лос Анџелес.[17]

Хабард рекол: „Цивилизација без лудило, без криминалци и без војна, каде што способните луѓе можат да просперираат, а чесните можат да имаат права, и каде што човекот слободно може да се издигне до поголеми височини се целите на скиентологијата“.[18]

Хабард имал официјална контрола на организацијата сè до 1966 година кога таа функција е префрлена на група директори.[19] Иако Хабард не одржувал формални односи со управувачите на Црквата на скиентологијата, тој останува цврсто во контрола на организацијата и нејзините придружни организации до својата смрт.[20]

Во мај 1987 година, по смртта на Хабард, Дејвид Мискевиџ, еден од поранешните лични асистенти на Хабард, стапи на позицијата Претседател на одборот на Центарот за религиозна технологија, непрофитна корпорација која ги администрира заштитните марки и симболи на дијанетиката и скиентологијата. Иако Центарот за религиозна технологија е одделна корпорација од Меѓународната црква на скиентологијата, чиј претседател и главен портпарол е Хебер Јенч, Мискевиџ е во суштина водачот на движењето.[21]

Наводи

  1. „ABC News: Scientology 101“. USA: ABC. 1950-05-09. Посетено на 2009-01-12.
  2. Melton, J. Gordon (Sept. 2000). The Church of Scientology (Studies in Contemporary Religions, 1). Signature Books in cooperation with CESNUR. Since 1981, all of the churches and organizations of the church have been brought together under the Church of Scientology International. CSI provides a visible point of unity and guides the individual churches, especially in the area of applying Hubbard's teaching and technology in a uniform fashion. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  3. "At the top of the structure is the Church of Scientology International (CSI), the mother church for all Scientology. Located in Los Angeles, CSI provides overall direction, planning and guidance for the network of churches, missions, field auditors and volunteer ministers which comprise the Scientology hierarchy it spans, and ensures these various organizations are all working effectively together." What is Scientology? Published 1998 Bridge Publications ISBN 978-1-57318-122-8 http://www.whatisscientology.org
  4. „description of the Scientology ecclesiastical structure on www.rtc.org“. Rtc.org. Посетено на 2011-11-22.
  5. The Church of Scientology (Studies in Contemporary Religions, 1) By J. Gordon Melton Publisher: Signature Books in cooperation with CESNUR published September 2000 ISBN 978-1-56085-139-4 "The various missions, churches, and organizations, all autonomous corporations which fellowship with the larger movement, receive licenses to use the church's trademarks, service marks, and copyrights of Hubbard's published and unpublished works from RTC."
  6. "Each church corporation is organized on a nonprofit basis with its own board of directors and executives responsible for its activities. What is Scientology? Published 1998 Bridge Publications ISBN 978-1-57318-122-8 http://www.whatisscientology.org
  7. „description of the individual Scientology churches on www.rtc.org“. Rtc.org. Посетено на 2011-11-22.
  8. 8,0 8,1 Atack, Jon (1990). A Piece of Blue Sky. New York, NY: Carol Publishing Group. ISBN 978-0-8184-0499-3.
  9. 9,0 9,1 Hubbard, L. Ron. „Pulpateer“. Church of Scientology International. Архивирано од изворникот на 2006-06-13. Посетено на 2006-06-07.
  10. Janet Reitman Inside Scientology: The Story of America's Most Secretive Religion, p. 318, Houghton Mifflin Harcourt, 2011 ISBN 0547549237, 9780547549231
  11. Flinn, Frank K. (2003). „Scientology“. Во Karen Christensen, and David Levinson (уред.). Encyclopedia of Community: From the Village to the Virtual World. Thousand Oaks, CA: Sage Publications. стр. 1209–11. |access-date= бара |url= (help)
  12. Weird, Sure. A Cult, No. Washington Post By Mark Oppenheimer, August 5, 2007
  13. The Thriving Cult of Greed and Power Архивирано на 13 јуни 2013 г. TIME magazine, May. 06, 1991 by Richard Behar. The investigation paints a picture of a depraved yet thriving enterprise.
  14. „Scientology Chronicle 1952-1955“. Lronhubbard.org. 2011-11-07. Посетено на 2011-11-22.
  15. Remember Venus? Архивирано на 25 август 2010 г., Time, December 22, 1952
  16. Hubbard, L. Ron (1954) Why Doctor of Divinity? Professional Auditor's Bulletin no. 32, August 7, 1954
  17. „ABC News Scientology 101“. USA: ABC. 2006-08-23. Посетено на 2011-11-22.
  18. "Aims of Scientology by L. Ron Hubbard" at official site“. Scientology.org. Архивирано од изворникот на 2006-02-03. Посетено на 2011-11-22.
  19. „Meddling with Minds“. Time (magazine). 1968-08-23. Архивирано од изворникот на 2008-02-28. Посетено на 2008-02-14.
  20. Marshall, John (1980-01-24). „Hubbard still gave orders, records show“. Globe and Mail. Canada. |access-date= бара |url= (help)
  21. Tapper, James (2008-01-07). „Diana author names Tom Cruise as 'World Number Two in Scientology'. Daily Mail. Elliot Abelson, general counsel for the Church of Scientology, said ... 'The only person who runs the Church and makes policy decisions is David Miscavige.'

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!