Серменинскиот манастир претставува македонски православен машки манастирски комплекс сместен во атарот на гевгелиското село Серменин во пазувите на планината Кожуф.
Историја
Според некои преданија, тука во минатото постоел манастир со голема соборна црква посветена на Пророкот Илија. За време на турското ропство целиот манастир бил запален и разрушен, а монасите убиени. На почетокот на 21 век, месното население и надлежната епархија решиле да го возобноват овој манастир. Денес (2013) манастирот е сѐ уште во изградба, каде манастирската црква е готова, додека конаците се во завршна фаза.
Св. Илија
Главна манастирска црква е таа што е позветена на Пророкот Илија. Црквата е осветена на 22 септември 2013 година.[1] Според преданијата, црквата е изградена на местото на кое во периодот од 15 до 18 век постоела поголема соборна црква „Св. пророк Илија“.
Конаци
Мананстирот има еден конак кој е во узизградба.[2]
Наводи