Селски туризам или агротуризам е тип на туризам каде се нуди угостителство на фарми на село. Во ова може да спаѓа и можноста да се помага во работата на фармата за време на престојот. Селскиот туризам често се практикува во винските региони, како во Италија, Франција и Шпанија но присутен е и во многу други земји, вклучувајќи ја и Македонија. Туристите можат да берат овошје и зеленчук, да јаваат коњи, да пробуваат мед, да учат за виното, да купуваат во продавници за подароци и тезги со локални или регионални земјоделски производи или рачно изработени подароци и многу друго. Секоја фарма обично нуди посебно и незаборавно искуство за цели семејства.
Селскиот туризам е развиен како важен бизнис-модел за издршка на земјоделски ентитети чии производи не се повеќе конкурентни на пазарот.
Со заеднички интерес за промоција, фармите се здружуваат во фестивали или тури.
Луѓето заинтересирани за тоа како се произведува храната која ја јадат можат да се сретнат со земјоделците и да разговараат за тоа. При овие посети, децата обично дотогаш не виделе жива патка или коза и не скинале јаболко директно од дрво. Од овој концепт произлегуваат и таканаречените „разонодни фарми“ кои им даваат на посетителите да берат за себе за паушал, нудејќи не само стандардни земјоделски производи, туку и храна, лавиринти, средби со животни, јавање коњи и места за пикник.