Секој вели те сакам

„Секој вели те сакам“ (англиски: Everyone Says I Love You) — американски филм од 1996 година, во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Вуди Ален, Џулија Робертс, Едвард Нортон, Дру Баримор, Голди Хон, Алан Алда, Натали Портман, Лукас Хас, Труде Клајн и Тим Рот. Филмот зазема посебно место во творештвото на Ален, зашто претставува првиот и единстевн негов мјузикл, работен по примерот на класичните холивудски мјузикли снимени меѓу 1930-тите и 1950-тите. Филмот бил номиниран за наградата „Златен глобус“ и за Европските филмски награди.[1]

Содржина

Во Њујорк живее богатото и либерално семејство Дендриџ: брачниот пар Боб и Стефи и децата Скајлар, Скот и Лора. Стефи ја има и ќерката Џун од бракот со Џо Берлин. Џо и Стефи се во добри односи, а сите знаат дека Џо е заљубен во неа. Тој има бројни врски со други жени, но тие редовно завршуваат со неуспех. Конечно, тој ја запознава убавата Вон и успева да ја освои, а во тоа му помага ќерката Џун која му ги кажува сите тајни желби на Вон. Истовремено, Скајлар се вљубува во злосторникот Чарлс Фери (го игра Рот) кој се наоѓа на условна слобода благодарение на залагањето на Стефи...

Наводи

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!