Јужноновоирски-северозападни соломонските јазици, или познати само како северозападни соломонски јазици, се подгрупа на новоирските јазици, од групата на океански јазици. Јазиците се зборуваат на островите Бугенвил и Бука (остров)Бука во Папуа Нова Гвинеја и на островите Шоасел, Нова Џорџија и Санта Изабел во Соломоните. Единството на групата, класификацијата и односите меѓу јазиците биле основани од Малколм Рос.[1] Етнолог ги именува јазиците како јужноновоирски-северозападни соломонските јазици и ги вклучува патпатарско-толајските јазици, а другите класификации даваат други односи меѓу јазиците.
Јазици
Оваа група е составена од следниве јазици:
Базата на основни австронезиски зборови од 2008 година[2] предложила помала група составена од шпаселските, изабелските и новоџорџиските јазици. Оваа студија укажува дека со сигурност од 90% шоаселските и новоџоџиските јазици сочинуваат засебна група, а најразлични се сантаизабелските.
Според Етнолог, групата е доста голема и има околу 50 јазика[3]:
- - минигирски јазик
- - шоаселски јазици (4)
- - моноанско-уруавански јазици (4)
- - неханско-бугенвилски јазици (10)
- - новоџорџиски јазици (13)
- - патпатарско-толајски јазици (9)
- - пиванско-банонски јазици (2)
- - сантаизабелски јазици (7)
Наводи
Литература
Поврзано
Надворешни врски