Саутленд (англиски: Southland) е најјужниот регион во Нов Зеланд како и име на округ во рамките на тој регион. Регионот има само еден град, главниот град Инверкаргил и само уште еден округ, Гор. Зафаѓа површина од 28,681 км2. Според пописот од 2001, регионот има 91,002 жители, за 6,096 помалку од 1996.
Седиштата на Саутлендскиот Регионален Совет, Саутлендскиот Окружен Совет и Инверкаргилскиот Градски Совет се наоѓаат во Инверкаргил. Саутлендскиот округ ги опфаѓа градовите Винтон, Ламсден и цел Стјуартов остров/Ракиура.