Сапунџи џамија (турски: Sapunci Cami) — бивш муслимански храм во Битола.[1]
Местоположба
Џамијата се наоѓала помеѓу Дебојот и Сунгур Чауш-беговата џамија и била опкружена со ковачки дуќани.[1]
Историја
Џамијата за првпат се споменува во 1639 година, кога во неа бил назначен муезинот Јумер. Подоцна била разрушена. Се верува дека била изградена од член на семејството Сапунџизаде. Нему му припаѓал Хусеин Хасан, борец за ширење на исламот, погребан некаде во Кара Оглан маала. Неговиот гроб се сметал за свето место и често бил посетуван.[1]
Џамијата подоцна била разрушена.[1]
Наводи