Руенски манастир

Руенски манастир Св. Јован Рилски (бугарски: Руенски манастир Свети Йоан Рилски) — бугарски православен манастир, дел од намесништвото Дупница на Софиската епархија на Бугарската православна црква. Се наоѓа во близина на селото Скрино, општина Бобошево, Ќустендил.

Дворот на Руенскиот манастир и црквата „Свети Јован Рилски“
Дворот на Руенскиот манастир и црквата „Свети Јован Рилски“

Местоположба, историја, архитектонски и уметнички особености

Манастирот е сместен во прекрасно село во близина на гратчето Бобошево околу 8 км западно од европската рута Е79 помеѓу Софија и Кулата, на 2,5 км северно од селото Скрино каде што е роден Јован Рилски. Манастирот е обновен над урнатините на старата црква во 1999 година. Патека од манастирот води до пештерата каде што за првпат Свети Јован Рилски започнал со својот скит.

Манастирот го добил името по најпознатиот бугарски светец Јован Рилски (876 — 946), патрон на бугарскиот народ и основач на Рилскиот манастир — најголемиот ставропигски манастир во Бугарија. Живеел во времето на Борис I, Симеон I и Петар I за време на Првото Бугарско Царство.

Денот на светецот се празнува на 19 октомври.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!