Руанда-Урунди — територија во регионот на Африканските Големи езера, некогаш дел од Германска Источна Африка, која била управувана од Белгија помеѓу 1916 и 1962 година. Територијата била окупирана од страна на Белгијците за време на Првата светска војна, и под нејзина окупација била во периодот од 1916 до 1922 година. По 1922 година територијата паднала под мандат на Лигата на народите, и истиот завршил во 1945 година кога била основана ООН. По завршувањето на мандатот, во 1962 година биле основани две независни држави: Руанда и Бурунди.
Надворешни врски