Во текот на 1950-тите години, неколку американски музички групи експериментирале со нови музички облици во кои ги споиле кантри музиката, блузот и свинг жанрот за да ги произведат почетните примери на „рокенрол“. Ископувањето на фразата „рокенрол“ често му се припишува на Американецот Алан Фрид, диск-џокеј и промотор на концерти кој има организирано голем дел од првите големи рок-концерти. Оттогаш, рок-концертот започнал како главен дел од забавувањето не само во САД, туку и низ целиот свет.
Бил Греам имал огромна заслуга за поставувањето на форматот и стандардите за модерните рок-концерти. Тој го вовел издавањето на билети однапред (а подоцна и компјутерски, онлајн билети), вовел и современи безбедносни мерки (како реакција на смртните случаи на концертот во Алтамонт) и вовел чисти тоалети и безбедни услови на големите случувања.
Рок-концертите често асоцираат на одредени видови на однесување. Танцување, викање, пеење заедно со бендот и наметливите прикажувања на музичарите се вообичаени, иако некои многу успешни рок-бендови избегнувале бесплатни одблесоци во корист на разбирливи изведби фокусирани на самата музика. И покрај тоа, рок-концертите често нудат разиграна атмосфера и за бендот и за публиката.
Исто како и рок-музиката воопшто, рок-концертите се симбол на опаѓачката формалност во американската култура. Ваквите концерти биле клучни за формирањето на младиот идентитет во САД за време на општествената револуција и истите продолжиле да ги претставуваат елементите на општеството кои често се сметаат за „бунтовни“, особено против структурите на општествените нормативи од средината на дваесеттиот век. Еден од најпознати рок-концерти несомнено бил Вудсток, додека милиони многу помали рок-концерти се одржувале секоја година.
Најголемиот рок-концерт во историјата бил оној кој што Род Стјуарт го одржал на новогодишната ноќ 1993-1994 година на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро. Се проценува дека на концертот присуствувале околу 4,2 милиони луѓе, иако се верува дека оваа бројка ги вклучува и оние кои што се појавиле исклучиво на огнометот на полноќ.[2]
Грижи за здравјето
Рок-концертите често имаат изведба на многу високи нивоа на децибели. Долготрајната изложеност на бучава на овие нивоа може трајно да ги оштети коските на средното уво и нервите на внатрешното уво. Затоа, здравствените власти им препорачуваат на посетителите на концертите да користат тампони за уши.[3] Од 1960-тите години, многу музичари носеле тампони за уши на концертите, а некои концертни промотори всушност делеле и бесплатни тампони за уши.
За одржување на концертите на места кои што не се специјално наменети за такви настани, огромни количества електрична енергија се потребни за работа на засилувачите, светлата и другите делови од концертната опрема кои што обично се обезбедуваат од преносни генератори на дизел погон, кои често се наоѓаат многу блиску до настанот. Широката употреба на таквите генератори е вообичаена и за настаните во затворен простор (како во големи простории или на покриени стадиони) или за настани на отворено (на пр. стадион или отворен простор со времена сцена). Без оглед на тоа каде точно се поставени генераторите, овие единици испуштаат канцерогени ултрафини честички (UFP) и други загадувачи директно во амбиенталниот воздух. Доколку не се преземат конкретни мерки за претпазливост (како што е поставување на генераторите многу подалеку како и користењето на екстра долги кабли за поврзување или инсталирање на екстремно долги издувни канали кои што работат на струја и/или со користење на чистачи на влага, истовремено земајќи ги во предвид струите на амбиенталниот воздух, ветровите и други локални фактори), емисиите на генсетот најверојатно ќе се измешаат во воздухот што го вдишуваат присутните на концертот, како и музичарите и персоналот и другите единки во подрачјето. Користењето на алтернативните постројки за напојување кои што не се засновани на дизел гориво, на пример поврзување на опремата за настан директно со електричната мрежа или користењето на соларни панели (заедно со батериите за складирање), би можело да овозможи целиот настан да ги заобиколи грижите за квалитетот на амбиенталниот воздух.[4]