Ристо Димовски (Битола, 1947 - Битола, 21 јуни 2017) — македонски сликар, иконописец и вајар, добитник на многубројни награди во Македонија и странство, меѓу кои и прв добитник на награда за животно дело доделена од ДЛУБ во 2016 година.[1]
Животопис
Димовски е роден во Битола во 1947 година. Работел во Македонија, во соседството и во Европа. Неговите дела се наоѓаат низ целиот свет, како Италија, Грција, Германија, Шведска, Америка, Австралија.
Кај него поминале многу ученици кои денеска творат и го носат неговото уметничко наследство. Починал на 21 јуни 2017 година во Битола.[2]
Наводи