Ристе Бислимовски (Ростуше, Гостиварско, 1949 - Скопје, 5 февруари 2012) — македонски политичар и пратеник.
Животопис
Бислимовски е роден во 1949 година во гостиварското село Ростуше. Бил пратеник од редовите на СДСМ во собранискиот состав од 2002 до 2006 година[1]. Како дипломиран правник, работел во Министерството за здравство и во Фондот за здравствено и пензиско осигурување. По долго и тешко боледување, починал во Скопје на 5 февруари 2012 година.[2]
Наводи