Разурнување на Хари

„Разурнување на Хари“ (англиски: Deconstructing Harry) — американски филм од 1997 година, во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Вуди Ален, Керолајн Арон, Кирсти Ели, Боб Балабан, Ричард бенџамин, Ерик Богосјан, Били Кристал, Џуди Дејвис, Мериел Хемингвеј, Ејми Ирвинг, Деми Мур, Робин Вилијамс итн. Филмот претставува алегорија на уметничкото творештво кое секогаш се соочува со опасноста од креативна блокада. Покрај номинациите за „Оскар“ и за Европските филмски награди, филмот го отворил Меѓународниот фестицал на филмската уметност во Венеција.[1]

Содржина

И покрај големиот успех со своите романи, писателот Хари Блок (го игра Ален) нема успех во односите со луѓето. Поради неговата последна книга во која тој ги опишува луѓето од својата непосредна околина, но само со други имиња, него сака да го убие Луси (ја игра Дејвис), сестрата на неговата поранешна жена. Хари има три пропаднати брака и има променето многу психотерапевти. Најпосле, тој наоѓа утеха во младата, убава Феј, но и таа врска пропаѓа кога таа решава да се омажи за пријателот на Хари, Лари (го игра Кристал). Единствената светла точка е поканата од неговиот поранешен факултет, кој сака да го награди. Затоа, Хари го грабнува својот син и заедно со него и со црната проститутка Куки, оди да ја прими наградата...

Наводи

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!