Типичните пруги (колосеци) се состојат од две паралелни челични (или во постарите железници, железни) шини монтирани на дрвени, бетонски или челични прагови, кои ги држат на одредено растојание.
Пругите се поставуваат најчесто на подлога направена од цврста или компресирана земја или чакал која се прави така што оневозможи искривување под притисокот на возилата кои поминуваат на шините.