Пол Жавал (го игра Пиколи) е драмски писател кој е оженет со младата Камиј (ја игра Бардо). Него го ангажира американскиот филмски продуцент Џереми Прокош (го игра Паланс) за да го преработи сценариото за филмот заснован врз „Одисејата“ на Хомер, а кого го режира Фриц Ланг (се игра себеси). Бескрупулозниот Прокош се обидува да ја освои Камиј, а намерата ја остварува за време на снимањето на островот Капри. Претходно, меѓу Пол и Камиј доаѓа до кавга и таа му кажува дека повеќе не го сака. Додека Пол учествува на снимањето на филмот, Прокош и Камиј патуваат со неговиот автомобил во Рим, но патем погинуваат во сообраќајна несреќа.