Првата уставна ера не вклучувала никакви политички партии. Во тоа време парламентот се сметал како глас на луѓето а не како место за формирање на политички партии и организации.
Изборот на пратениците се спроведувало во согласност со привремените изборни прописи. Парламентот се состоел од два дома и тоа Дом на пратеници односно Долен дом кој ја исполнувал законодавната власт и Горен дом или Сенат. Долниот дом се состоел од 115 пратеници од кои при вториот избор имал 69 муслимански и 46 немуслимански претставници. Сенатот бил избиран од страна на султанот и се состоел од 26 члена. Овој дом ја заменил Високата Порта и Големиот везир кој станал претседател на Сенатот.