Прва партизанска болница на македонско-косовската и поречка бригада

За првпат од своето формирање и во текот на борбеното дејствување, Македонско-косовската ударна бригада во чиј состав влезе и Поречката бригада, во текот на борбените дејствија во Поречкиот крај, формира стационарно болничко лекување на своите ранети и изнемоштени борци.

Причини за формирање болница

Во текот на август и почетокот на септември 1944 г. Прва македонско-косовска ударна бригада и Петнаесеттата поречка бригада ја продолжија борбата против бугарската окупаторска војска во поречкиот крај. Во борбите бригадите имале повеќе ранети борци. Со цел да се обезбеди пружање на помош и лекување на истите на едно место ,а не како дотогаш со сместување на ранети по одделни куќи по селата, командата на бригадите одлучила во Томино село да се формира стационарна болница.

Томино село беше избрано како најпристапно место за пренесување на ранетите и болните борци и истовремено со добра географска положба за одбрана во случај на повратно дејствување на бугарските окупаторски снаги и балистите.

Реализација на одлуката

На 6.9.1944 г.издадена е наредба со која е задолжен Столески Стојмир од Томино село, да ја спроведе,Набрзина изготвените кревети,од даски и слама се поставени во просториите на селската училишна зграда и под стручно медицинска работа на Д-р.Батулини-италијанец,а надворешно организазионо раководење на Столески,беа сместени ранетите и изнемоштените и болницата почна да работи.

Наместо анестетици и дезинфекциони препарати беше обезбедена препечена сливова ракија, а наместо бинтови,жените од селото донесоа платно од чеизите на своите девојчиња,тулбани и шамии што се користеа за преврски и други потреби. Исхраната на болните и персоналот се состоеше од млеко кое го обезбедуваа селаните во изобилство.Покрај млекото тие за колење носеа овци и кози,а лебот се месеше во домашни услови во селото.Селаните несебично ја одржуваа болницата сè до нејзиното преместување во село Самоков.

Болницата во селото остана подолго време, а бригадите го продолжија своето дејствување во правецот на Кичево.

Наредба

„ДО СТОЈМИР СТОЛЕСКИ-Томино село,

Во Томино село ти ќе ја вршиш сета судска и извршна власт се дотогаш додека во селото се формира народна власт,а се од тебе што ќе бараат која и да е бригада од Народноослободителната војска,во границите на можноста мораш да им излезеш во пресрет.Во тоа село во школската зграда ќе се формира привремена воена болница,тука без приговор ќе мораш да им даваш машка и женска работна сила за негување на ранетите и болните борци. На народниот комитет од Тополница и интендантите од Поречката и Косовската бригада ќе им ставиш на располагање товарни и превозни добици за пренесување храна за товарните добици и за војската,без оглед каде ќе се пренесува.Заоваа работа интендантите се овластени да им наредат на комитетите од селата; Тополница,Томино село,кои засега ги претставуваш ти, Сушица, Инче, Лупште, Ковач, Самоков, Брест, Косово, Горно и Долно Ботушје, Растеш, Волче, Битово, Заград, Звечан, Требовље, Здуње, Рамне,Зркле, Горно и Долно Крушје, кој не ќе ја извршува наредбата на овие два интенданта ќе биде казнет со смрт.Се што ќе се пренесува и на кое место ќе одредуваат интендантите.Оваа наредба прими ја на знаење,а за доказ дека се интендантите овластени,наредбата ќе остане кај нив.

За најмала ситница ќе бидам немилосрден и неизвршителите ќе ги стрелам.

Тополница 6.о9.1944 г.

Командант-капетан Лешевиќ с.р. [1]

наводи

  1. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!