Прва дама на Словенија (словенечки јазик:Prva dama Slovenije) — титулата што ѝ се доделува на сопругата или партнерката на претседателот на Словенија. Сегашна прва дама на земјата е Тања Печар, партнерката на претседателот Борут Пахор.[1] Досега немало Прв господин на Словенија.[2]
Придобивки
Според законот, сопружниците или партнерите на претседателот на Словенија, познати како прва дама[2] или прв господин,[2] имаат еднакви права и обврски во рамките на позицијата, без разлика дали се во брак со претседателот или не.[3] Оваа еднаквост била кодифицирана со амандман на Законот за брак и семејни односи, кој предвидува дека бракот и заедничкиот живот да се сметаат за еднакви од владата.[3]
Сопружникот или партнерот на претседателот на Словенија има право на платено отсуство од работа за службени функции и други одговорности.[1] Првата дама (или првиот господин) добива службен месечен надоместок од 15 проценти од платата на претседателот, (еднакво на околу 890,73 евра во 2017 година),[2] од владата за покривање на трошоците за овие обврски.[2][1][4]
Првата дама, исто така, може да избере да го напушти своето работно место за време на траењето на претседателскиот мандат. Во овој случај, таа има право на службен месечен надоместок од 20 проценти од платата на претседателот.[1][4]
Во јануари 2013 година, првата дама Тања Печар, партнерка на претседателот Борут Пахор, објавила дека ќе се откаже од финансиските привилегии како прва дама и ќе се воздржи од примање месечен надоместок.[1]Наместо тоа, Печар избрала да остане активен адвокат за време на нејзиниот мандат, додека сè уште ги извршува протоколите и опшстествените обврски што се бараат од првата дама.[1][4]
Претседателот Јанез Дрновшек и неговата поранешна сопруга Мајда Дрновшек се развеле во текот на 1980-тите. За време на неговиот претседателски мандат немало прва дама.[5]