Поплавите во Рио де Жанеиро претставуваат природни непогоди кои се случиле во почетокот на април2010 година. Според последните информации (7 април), во поплавите предизвикани од поројните дождови загинале 102 лица[1], најмалку 106 биле повредени, вклучувајќи и неколку спасувачи,[2] и најмалку 1400 семејства останале без своите домови[3] а дополнителни 10.000 домови се сметаат за ризични места. [4][5]