Пол Валери е роден на 30 октомври 1871 година, во малото приморско место Сет. Денес, на вториот кат од градскиот музеј се наоѓа спомен-соба, посветена на Валери.[1]
Пол Валери имал ќерка - Агата Руар-Валери која живеела во Париз.[2]
Творештво
Најпознати дела на Валери се поемите „Морнарски гробишта“ и „Младата Парка“, како и есеите „Вовед во методот на Леонардо да Винчи“ и „Танецот“.
Покрај со поезија, Валери се занимавал и со скулптура. Така, во неговата спомен-соба во градскиот музеј на Сет се наоѓаат три скулптури на Валери: неговиот лик, бистата на Стефан Маларме и бистата на Едгар Дега. По кажувањето на неговата ќерка, Валери ја направил скулптурата на Маларме десет години по неговата смрт, и тоа без да се послужи со никаква фотографија.[3]
Наводи
↑Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. ix.