Кенија е поделена на осум покраини. Покраините се делат на 46 окрузи, кои се состојат од вкупно 262 оддели. Одделите се поделени на 2.427 месности, а тие пак, на 6.612 подмесности.[1] Со секоја покраина раководи „покраински комесар“.
Локалните управни единици претежно не соодветствуваат на границите со оддели, туку се класификуваат како градски, општински, паланечки и окружни совети.
Трет посебен вид се изборните единици, кои понатаму се делат на околии.