Околу градскиот парк се наоѓаат две важни градби, Музејот на убавите уметности од левата страна и Палатата на уметностите од десната. Другит крај на плоштадот продолжува булеварот Андраси чиј почеток го означуваат две градби кој го затвораат плоштадот - едната е станбена зграда, а другата е српската амбасада.
Споменикот милениум е централен дел на плоштадот и обележје на Будимпешта, со статуи на водачите на седум племиња кои ја основале Унгарија, а тука исто така има и статуи на важни личности од унгарската историја. Изградбата на меморијалот започнала во 1896 година, но завршена е во 1929 кога и го добил своето име.