Петар Христов

Петар Стоев Христов
Роден 2 јули, 1936 година
Јаново, Санданска околија, Пиринска Македонија (денешна Бугарија)
Починал 26 ноември, 2020 година
Горна Џумаја (денешен Благоевград), Пиринска Македонија (денешна Бугарија)

Петар Стоев Христов (2 јули 1936 во Јаново, Санданско, Пиринска Македонија26 ноември 2020 во Благоевград, Пиринска Македонија) ― активист, борец за човекови права во Пиринскиот дел на Македонија и поет.[1]

Животопис

Петар Христов живеел и израснал во семејство со македонско национално чувство, наследено од неговиот дедо Стојан Христов, кој учествувал во четата на Јане Сандански и Илија Крчовалијата во борбата за ослободување на Македонија од турското ропство и обновување на независна Македонска држава.[1]

Неговиот чичко - Иван Христов, заедно со македонските партизани од егејскиот дел на Македонија, учествуваа во протерувањето на бугарските окупаторски трупи од Македонија. Петар Христов од својата рана возраст веќе бил свесен која е неговата татковина и кој е неговиот национален идентитет. Следејќи го примерот на неговите браќа Александар и Георги, воодушевен од музата на поезијата, започна да пишува песни, од кои некои биле објавени во весникот „Народна волја“. Ја објавил стихозбирката „Почти на ручей ромон“ во 2003 година во Благоевград.[1]

Одлика на неговата поезија

Неговите поетски дела ја отсликуваат неговата постојана жед за љубезност и хуманост, како и неговата голема љубов кон Македонија, за што посветил неколку песни. Петар важел за исклучително скромен човек со поетска душа и бунтовен дух за правда и правичност.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com. Посетено на 2021-04-08.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!