Петар Мостров (роден на 5 април 1929 година во Охрид - починал на 14 април 1996 година во Охрид) — македонски лекар, ортопед.[1]
Животопис
По завршувањето на Медицинскиот факултет во Скопје (1958/59) Мостров започнал да работи во Болницата за костнозглобна ТБЦ во Охрид, чиј в.д. директор бил од 1961 до 1967 година, кога и специјализирал ортопедија во Скопје и Белград. Бил директор на оваа институција (1967–1974). Примариус е од 1974 и до пензионирањето бил советник во Болницата.
Наводи