Петар II (Бугарија)

Петар II
Петър II
Монета на Петар II
На престол1185 – 1197
Крунисување1185
НаследникКалојан
Починал(а)1197
ДинастијаАсениди

Петар II, роден Теодор, познат како Теодор-Петар (бугарски: Теодор-Петър; починал во 1197), бил првиот цар на возобновеното Бугарско Царство од 1185 до 1197. Тој потекнувал од византиската тема Паристрион, иако точното место и датумот на неговото раѓање не се познати.

Тој и неговите помлади браќа, Асен и Калојан, се споменуваат како Власи во повеќето од тогашните странски извори, и најверојатно имале мешано влашко, бугарско, и куманско потекло. Во 1185, Теодор и Асен му пришле на византискиот император Исак II Ангел во Тракија, барајќи имот на Стара Планина. Откако императорот ги одбил и ги понижил, тие одлучиле да поттикнат бунт, искористувајќи го незадоволството што го предизвикал новиот данок кај Власите и Бугарите. За да ги убедат своите сонародници да им се придружат тие побарале од свештениците да изјавуваат дека Свети Димитрија Солунски ги напуштил Ромеите и застанал на страната на Власите и Бугарите. Пред крајот на годината Теодор бил крунисан за цар на Бугарија, при што го зел името Петар, првиот со титула цар во Првото Бугарско Царство, со цел да го поврзи новосоздаденото царство со претходното.

Византиската војска ги поразила бунтовниците, принудувајќи ги Теодор-Петар и Асен да избегаат кај Куманите во април 1186. Се вратиле во есента предводејќи кумански трупи, и овојпат ја презеле контролата над Паристрион, и цврсто ја воспоставиле новата држава. Браќата правеле редовно упади во блиските византиски територии во раните 1190ти. Конфликтите помеѓу Исак II и светиот римски император Фридрих Барбароса за време на Третиот крстоносен поход овозможиле Петар да освои нови територии во 1190. Петар и Асен го поделиле своето царство во околу 1192, при што Петар го добил Преслав и североисточниот регион. Откако Асен бил убиен од болјарин во 1196, Петр го назначил Калојан за свој совладетел. Петар бил убиен наредната година.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!