Пекиншка патка (животно)


Пекиншки патки

Пекиншка патка, поточно американска пекиншка патка[1] (Anas platyrhynchos domestica[2] или Anas peking[1]) — раса домашни патки кои претежно се одгледуваат за добивање на јајца и месо, припитомена од дивата патка (Anas platyrhynchos)), примпитомена во Кина. Предците на овие патки водат потекло од каналите на водните патишта во градот Нанѓинг, биле помали и перјето им било црно. Со преместувањето на престолнината во Пекинг се зголемила и прометноста на водниот сообраќај, при што патките почнале да се хранат со житарките кои се истурале. Со време, патките растеле во големина и се стекнале со бели пердуви. Веќе во X век оваа сорта е припитомена и станува редовен дел од домашната живина во Кина.[3]

Ова е најпопуларната сорта патки во американското живинарство, сочинувајќи околу 95% од паткиното месо во земјата.[4] Птицата е доведена од Кина во 1873 г. на островот Лонг Ајленд од Џејмс Палмер, жител на Стонингтон во Конектикат.[5][6]

Оваа птица може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[7]

Изведување

Пекиншки патки во паркот Анава, Израел

На зародоците им треба околу 28 дена за да се развијат во јајцето, и тоа при температура од 37,5 °C и влажност од 50-75%. Отчуквуањето на срцето може да се види веќе по три дена квачење, со помош на светилка.

Јајцата мора редовно да се превртуваат за време на квачењето. Ова природно се случува кога патката се подместува од една во друга положба кога лежи на нив. Кога се одгледуваат вештачки во „квачка“ (инкубатор), ова го прави апаратот кој постојано ги врти.

Во вештачки услови, јајцата се преместуваат во направа за изведување три дена пред да излезат. Ова им дава малку пониска температура и поголема влажност, со што на патчињата им се зголемува способноста да опстанат додека не им се развие заштитното потперје.

Во споредба со оние на други птици, паткините јајца релативно лесно се изведуваат бидејќи се отпори на разликите во температурата и влажноста.

Новороденчиња и млади

Патка со новороденчиња

Новоизведените патчиња имаат светложолто перје, портокалов клун и нозе.

На новоизведените не треба да им се дава пристап до вода без надзор или мајка, бидејќи перјето не им е доволно развиено за да ги штити при подолго седење во вода, ниту пак произведуваат доволно жлездени маснотии. Во природни услови, мајката внимава колку долго патчињата се во вода и им нанесува маснотија како дополнување на онаа што ја произведуваат самите нивни тела.

Возрасни

Полнолетните пекиншки патки тежат од 3,6 до 5 кг во заробеништво. Живеат од 9 до 12 години, доколку не бидат изедени како патчиња. Надворешното перје им е бело, понекогаш со жолтеникава нијанса. Ова е поочигледно кај патките што се одгледувани на затворено, вон сончева светлина. Овие патки се поисправени по стас отколку вистинските патки (Anatinae) и имаат нагорно свиен тртник. Очите оддалеку им изгледаат црни, но одблиску шареницата има сиво-сина боја. Клуновите и нозете им се портокалови.[8]

Возрасната женка може да снесе до 200 јајца годишно доколку не ги квачи. Во нормални услови снесуваат по едно јајце дневно. Се гнездат на безбедно место, често онаму кајшто веќе се вгнездила друга патка, подметнувајќи ѝ ги своите. Според ова, патките можат да се поттикнат да ги положат јајцата на дадено место доколку таму претходно се стави бело топче.

Пекиншката патка е помалку посветена како квачка од другите видови патки. Јајцата ги квачи помалку често и со поголема веројатност да ги напушти пред да се изведат. Квачењето се прави или вештачки, или со дресура на патката со цел да стекне повеќе дисциплина.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Field Guide To Meat: How To Identify, Select, and Prepare Virtually Every ... - Aliza Green - Google Books“. Books.google.com. Посетено на December 2, 2013.
  2. Li, Ping-Wei; Wei Liu, Gen-Pei Li, Rong-Huan Zhu, Da-Cheng Wang (2001). „Overexpression, purification, crystallization and preliminary X-ray diffraction analysis of Cu, Zn superoxide dismutase from Peking duck“. Acta Crystallographica. 57 (11): 1646–1649. doi:10.1107/S0907444901011106.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Davidson, Alan (1999). Oxford Companion to Food. Oxford: Oxford University Press. стр. 593. ISBN 978-0-19211-579-9.
  4. „Poultry Breeds - Pekin Duck“. Department of Animal Science - Oklahoma State University. Oklahoma State University. Архивирано од изворникот на 2013-05-27. Посетено на 25 September 2014.
  5. Pekin Ducks. The Pet Stock Pigeon and Poultry Bulletin. 10. New York. Feb 1880. стр. 1.
  6. Jennifer B. Lee (2008). The Fortune Cookie Chronicles: Adventures in the World of Chinese Food. Hachette UK. ISBN 978-0-44658-007-6.
  7. „Пекиншка патка“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-08-02. Посетено на 22 јули 2015.
  8. „White Pekin Duck“. Cosleyzoo.org. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на December 2, 2013.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!