Пандија (месечина)

Пандија
Слика на Пандија од февруари 2003 г.
Откривање
ОткривачСкот Шепард и др.
Откриено2017
ознаки
Наречена по
Пандија
S/2017 J 4
Орбитални особености [1]
11.525.000 км
Занесеност0,180
+252,1 дена
282,4°
Наклон28,15°
228,4°
238,8°
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден пречник
~ 3 km
23.0

Пандија (или Јупитер LXV, првично: S/2017 J 4) — надворешна месечина на Јупитер со пречник од 3 км.

Откривање

Откриена е од американскиот астроном Скот Шепард и неговата екипа во 2017 г. но објавена дури на 17 јули 2018 г. преку службениот распис на Центарот за мали планети.[2]

Име

Месечината го добила името во 2019 г. според Пандија, старогрчка божица на полната месечина, ќерка на Зевс и Селена.[3] Името е изгласано на конкурс приреден од Карнегиевиот институт на Твитер, по предлог на основци од селото Ланивет во Корнвол, Англија. Го избрале името „Пандија“ бидејќи пандата е симбол на нивното училиште и бидејќи селото порано испорачувало бамбус за панда во Лондонската зоолошка градина.[4][5][6]

Таа е напраден член на надворешниот дел од Хималиината група, кои имаат имиња што завршуваат на .

Орбита

Месечината кружи по голема полуоска од 11.525.000 км при наклон од 28,15°.[7]

Наводи

  1. S.S. Sheppard (2019), Moons of Jupiter, Carnegie Science
  2. „MPEC 2018-O12 : S/2017 J 4“. Minor Planet Center. International Astronomical Union. Посетено на 17 јули 2018.
  3. https://planetarynames.wr.usgs.gov/Page/Planets
  4. „Naming Contest for Newly-discovered Moons of Jupiter“. www.iau.org. Посетено на 27 август 2019.
  5. „Public Contest Successfully Finds Names For Jupiter's New Moons“. www.iau.org. Посетено на 27 август 2019.
  6. Science, Elizabeth Howell 2019-08-27T14:00:00Z. „Meet Pandia, Eirene and More! 5 Jupiter Moons Get New Names“. Space.com (англиски).
  7. Sheppard, Scott S. „Jupiter's Moons“. carnegiescience.edu. Посетено на 18 јули 2018.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!