Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Велушина; скратено: ПООУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Велушина, претставува единка на истоименото училиште од селото Бистрица, Општина Битола.[2]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски филолог Крсте Петков Мисирков.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Велушина, во непосредна близина на некогашниот задружен дом.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на албански наставен јазик, додека во минатото таа се изведувала на македонски наставен јазик.
Галерија
-
Поглед на училиштето
-
Задниот дел
-
Влезот
Наводи