Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Теново; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во тетовското село Теново, кое е во состав на истоименото училиште од селото Стенче, Општина Брвеница.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Теново, во средишниот дел.
Историја
Објектот на училиштето бил изграден во 1994 година.[2]
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик во 11 паралелки.
Галерија
-
Поглед на училиштето
-
Поглед на училиштето
-
Спортското игралиште
-
Влезот
Наводи