Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Гургурница; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во селото Гургурница, составен дел на истоименото училиште од селото Стенче, Општина Брвеница.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Гургурница, на самиот влез.
Историја
Стариот објект на училиштето бил изграден во 1960 година, додека во 2019 година веднаш до него била подигната нова училишна зграда.[2]
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик во 10 паралелки.
Галерија
Наводи