„Очудувања 3“ — збирка куси раскази од повеќе македонски автори, објавена во 2019 година од издавачката куќа „Бегемот“ во рамките на едицијата „Наше маало“.
Содржина
Збирката ги содржи следниве 14 раскази:[1]
- Ѕвездан Георгиевски, „Патување во волшебната шума“
- Ѓоко Здравески, „Горанче“
- Ѓоко Здравески, „Не врне, не врне, не дува, не дува“
- Тони Миленковски, „Метод на спиење“
- Владимир Плавевски, „Спиење“
- Владимир Мартиновски, „Мрежа“
- Иван Шопов, „Аферата Џон Колтрејн“
- Ѓорѓи Крстевски, „Човекот со нож во грбот“
- Ненад Јолдески, „Булка во глава“
- Наташа Сарџоска, „Месојадно растение“
- Андреј Ал-Асади, „Роберт Вртигаз“
- Андреј Ал-Асади, „Зам-Зам“
- Сања Михајловиќ-Костадиновска, „Погледи“
- Билјана Ѓонеска, „И риба и девојка“
Технички одлики
Збирката, со обем од 73 страници и димензии од 18 сантиметри, е испечатена во 2018 година, во печатницата „Графоден“ во Скопје. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-05-4.[2] Графичкото уредување е дело на Наталија Лукомска. Објавувањето на книгата било финансиски помогнато од Град Скопје.[3]
Наводи
- ↑ Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019.
- ↑ Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 73.
- ↑ Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 2.