Отоманско-персиска војна (1730–1736)

Отоманско-персиска војна (1730–1736)
Дел од Отоманско-персиски војни
Датум 1730–1735
Место Кавказ, Ирак
Исход персиска победа
Договор од Цариград
Надер ги протерал Османлиите од Персија и ги зазел Ерменија и Грузија
Завојувани страни
Афшаритска династија Османлиско Царство Османлиско Царство
Команданти и водачи
Надер Шах Топал Осман-паша 
Хекимоглу Али-паша
Ќопрулу Абдула-паша 
Сила
100,000 војници, од кои 80.000 коњаници и 20.000 пешадија, за време на опсадата на Багдад[1] 80.000 војници и 60 топови во командата на Топал Осман во Багдад, 1733.[2]
Жртви и загуби
30,000 убиени[3]

500 екзекутирани[3] 3,000 заробени[3]

60,000 жители на Багдад убиени[1]

20,000 војници[1]

Отоманско-персиската војна во периодот од 1730 до 1736 година претставувал воен конфликт меѓу силите на Надер Шах и Османлиското Царство. По крајот на војната Надер Шах добил контрола над речиси сите територии во Кавказ.

Во периодот од 1723 до 1730 година Османлиите го контролирале јужен Кавказ, заедно со Тарбиз. Во времето на Тахмасп II, Персија започнала војна која отишла во ќор-сокак. Уморени од војната, двете страни одлучиле да се стави крај на војната, потпишувајќи мировен договор. Според договорот, Османлиите го задржиле Кавказ, териториите во Западен Иран биле признаени од Персија, а реката Арас станала нова гранична линија меѓу двете земји. Во пролетта на 1730 година, персиските сили ги нападнале Османлиите во Кавказ успевајќи да вратат поголем дел од териториите кои претходно ги изгубиле по Отоманско-персиската војна која завршила во 1727 година. Но во исто време Авганистанците го ставиле под опсада градот Машхад принудувајќи го персискиот воен командант Надер да се повлече од кампањата и да го спаси својот брат Ибрахим. По 14 месеци Надер Шах успеал да ги порази Авганистанците.

Во периодот од 1729–1732 во Персија владеел еден од последните сефевидски владетели, Тахмасп II. Во времето кога абдицирал неговиот татко од престолот, тој успеал да побегне во Тебриз каде добил поддршка од неколку племиња, вклучувајќи ги и Афшаридите на чело со Надер. Тахмасп добил легимитет од Руската и Османлиското Царство. Во времето на граѓанската војна, односите меѓу Надер и Тахмасп се влошиле кога Тахмасп организирал кампања за враќање на Ереван против Османлиите но походот завршил со голем пораз и враќање на неодамна заземаните области од страна на Надер. Тахмасп морал да потпише договор според кој ги отстапил Грузија и Ерменија на Османлиите во замена на Тебриз.

Надер увидел дека Тахмасп не е способен да владее по кое го осудил договорот пред јавноста и го принудил да абдицира во 1732 година во корист на неговиот син, а самиот тој станал регент. По ова покранал воен поход против Османлиите каде најпрвин во 1733 го убил големиот везир Топал Осман Паша а по ова го ставил под опсада градот Багдад. Во 1735 година. Надар потпишал договор со Русија според кој двете земји станале сојузници во војната против Османлиите. Русија се согласила да врати поголем дел од териториите кои биле освоени во 1720 година вклучувајќи го градот Баку. По осигурување на мирна граница кон руска страна, Надер постигнал голема победа и во летото на 1735 година повторно ги зазел Ерменија и Грузија.

Мировен договор бил потпишан во 1736 година во Истанбул според кој Османлиите го признале Надер Шах како легитимен во Персија, Кавказ бил отстапен на Персија а на персиските верници им било овозможено да одат на аџилак во Мека, кој бил под османлиска власт. Во следните години Надер ја презел целосно контролата над Персиската империја и се прогласил за шах. Двете земји војувале уште еднаш под негово раководство (1743-4746) која војна завршила без победник. По неговата смрт Османлиите ја нападнале територијата на Кавказ и повторно ја зазеле.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 The Sword of Persia: Nader Shah, from Tribal Warrior to Conquering Tyrant, Michael Axworthy, 2006, p.130
  2. The Sword of Persia: Nader Shah, from Tribal Warrior to Conquering Tyrant, Michael Axworthy, 2006, p.131
  3. 3,0 3,1 3,2 The Sword of Persia: Nader Shah, from Tribal Warrior to Conquering Tyrant, Michael Axworthy, 2006, p.134

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!