Отомански државен удар (1807-1808)

Отомански државен удар

Мустафа IV, се качил на престолот
Датум 1807-08
Место Цариград, Османлиско Царство
Исход Победа на про-реформските сили во империјата, распаѓање на јаничарскиот корпус
Завојувани страни
Османлиско Царство Про-реформски сили Османлиско Царство Анти-реформски сили
Јаничари
Команданти и водачи
Османлиско Царство Селим III
Османлиско Царство Махмуд II
Османлиско Царство Алемдар Мустафа Паша
Османлиско Царство Мустафа IV

Отоманските државни удари (1807–1808) се однесуваат на неколку државни удари и бунтови кои се случиле во периодот од 1807 до 1808 година во Отоманското Царство и кое довело до детонирање и враќање на престолот на три османлиски султани како резултат на обидите на султанот Селим III да воведе реформи во земјата.

Османлиското Царство била во период на распаѓање кон почетокот на 19 век и изгубила голем дел од своите територии со кои владеела пред помалку од еден век. Поради застарените административци земјата сè уште била далеку од Западна Европа. Султаните упорно се трудиле да воведат одредени реформи но истите биле во голема мера одбегнувани од страна на конзервативните јаничари елитната војска на султанот. По смртта на Абдул Хамид I во 1789 година, неговиот внук Селим III сакал да ја модернизира земјата по примерот на Франција. Неговите напори за модернизација започнале во 1805 година, но тие реформи најмногу ги налутиле јаничарите кои започнале бунт против султанот и неговите реформи.

На 29 мај 1807 година Селим бил соборен од власта од страна на јаничарите а за нов султан бил именуван Мустафа IV кој го затворил неговиот претходник во согласност со османлиските традиции. Мустафа ги помилувал бунтовниците и направил сојуз со јаничарите за да ги повлечат реформите на Селим.

Јаничарите на чело со Алемдар Мустафа Паша се разочарале од новиот султан и во 1808 година започнал вториот бунт. Сепак Селим бил убиен од страна на султанот Мустафа а идниот Махмуд II пак успеал да побегне. Во меѓувреме бунтовничките сили ја опколиле палатата, по кое влегле во палатата и го уапсиле на Мустафа а за нов султан бил избран Махмуд.

Махмуд за голема везир го назначил Алемдар Мустафа Паша, водач на востанието што го поставил како султан. Неговите реформи биле прекинати кога бил убиен големиот везир од страна на јаничарите. Махмуд иако ги налитил јаничарите успеал да се задржи на престолот уште неколку децении. Тој се ослободил од притисокот на јаничарите.

И покрај тоа што продолжил со реформите империјата продолжила да пропаѓа.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!