Ото Толнаи (унгарски: Tolnai Ottó), (1940, Кањижа -) е современ југословенски и унгарски писател.
Животопис
Ото Толнаи е роден во 1940 година во Кањижа, во српската покраина Војводина. Студирал филозофија на универзитетите во Нови Сад и во Загреб. Од 1969 година бил главен уредник на списанието за култура "Új Szimposion", а од 1992 година на списанието "Ex Szimposion". Толнаи бил последниот претседател на Друштвото на писателите на Југославија.[1]
Творештво
Делата на Толнаи се преведени на српски, полски, словенечки и германски јазик. Исто така, неговиот расказ "Единаесетгодишната невеста" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]