Оруро

Оруро
Oruro
Знаме на ОруроГрб на Оруро
Оруро is located in Боливија
Оруро
Оруро
Местоположба во Боливија.
Координати: 17°58′S 67°07′W / 17.967°S 67.117°W / -17.967; -67.117
Држава Боливија
ДепартманДепартман Оруро
ПокраинаСеркадо
Основан1 ноември 1606
Управа
 • ГрадоначалникРосио Пиментел
Надм. вис.&100000000000037060000003.706 м
Население [1]
 • Вкупно235,393
 2010 calculation
Час. појасUTC-4
Мреж. местоhttp://www.preforuro.gov.bo/

Оруро (шпански: Oruro) е град во Боливија. Според проценките за 2010 година, градот има население од 235.393 жители.[1] Оруро се наоѓа на надморска височина од 3.710 метри. Градот е главен град на департманот Оруро. Градот е познат по Карневалот од Оруро.

Име

Името потекнува по староседелскиот народ Уру-уру.

Историја

Градот бил основан на 1 ноември 1606 година од страна на Мануел Кастро де Падилја. Првично местото било рударска населба за сребро и било именувано како Реал Вилја де Сан Фелипе Австриски (Real Villa de San Felipe de Austria). Наскоро гратчето било напуштено поради падот на рударството. Градот бил повторно основан во 19 век како рударски град. Во близина на градот има рудник за калај.

Местоположба и клима

Оруро се наоѓа северно од езерата Уру-уру и Попо. Градот се наоѓа на надморска височина од 3.709 метри и е познат по ладното време. Топли денови има во август, септември и окромври. Од мај до јули температурите ноќе може да паднат и под -20 степени поради ладните ветришта. Во регионот се забележани обилни врнежи од дожд од ноември до март.

Збратимени градови

Галерија

Наводи

  1. World Gazetteer[мртва врска]

Поврзано

Надворешни врски

17°58′S 67°07′W / 17.967°S 67.117°W / -17.967; -67.117

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!