Општа теорија на вработеноста, каматата и парите

„Општа теорија на вработеноста, каматата и парите“ (англиски: The general theory of employment, interest, and money) — книга на англискиот економист Џон Мејнард Кејнс, објавена во 1936 година. Во првата глава од книгата, Кејнс објаснува дека нагласокот во насловот стои на зборот општа бидејќи неговите аргументи се спротивни на класичната економска теорија чии постулати, според него, се применливи само во специјален с не во општ случај.[1]

Содржина

Книгата се состои шест дела (книги) со вкупно 24 глави:[2]

  • Прва книга. Вовед
    • Глава 1. Општата теорија
    • Глава 2. Постулатите на класичната економија
    • Глава 3. Принципот на ефективна побарувачка
  • Втора книга. Дефиниции и идеи
    • Глава 4. Изборот на единици
    • Глава 5. Очекувањата како определувачи на производството и вработеноста
    • Глава 6. Дефиниција на доходот, штедењето и инвестициите
    • Глава 7. Значењето на штедењето и инвестициите - натамошни разгледувања
  • Трета книга. Склоноста за потрошувачка
    • Глава 8. Склоноста за потрошувачка: 1. Објективни фактори
    • Глава 9. Склоноста за потрошувачка: 2. Субјективни фактори
    • Глава 10. Маргиналната склоност за потрошувачка и мултипликаторот
  • Четврта книга. Поттикот за инвестирање
    • Глава 11. Маргиналната ефикасност на капиталот
    • Глава 12. Состојбата на долгорочните очекувања
    • Глава 13. Општата теорија на каматната стапка
    • Глава 14. Класичната теорија на каматната стапка
    • Глава 15. Психолошките и деловните поттици за ликвидност
    • Глава 16. Разновидни набњудувања на природата на капиталот
    • Глава 17. Суштинските својства на каматата и парите
    • Глава 18. Повторно поставување на општата теорија на вработеноста
  • Петта книга. Паричните плати и цените
    • Глава 19. Промените на паричните плати
    • Глава 20. Функцијата на вработеноста
    • Глава 21. Теоријата на цените
  • Шеста книга. Кратки белешки кои произлегуваат од Општата теорија
    • Глава 22. Белешки за трговскиот циклус
    • Глава 23. Белешки за меркантилизмот, антилихварските закони, печатените пари и теориите за недеоволна потрошувачка
    • Глава 24. Завршни белешки за општествената филозофија кон која може да води Општата теорија

Наводи

  1. John Maynard Keynes, The general theory of employment, interest, and money. Ware, Hertfordshire, UK: Wordsworth Editions, 2017, стр. 9.
  2. John Maynard Keynes, The general theory of employment, interest, and money. Ware, Hertfordshire, UK: Wordsworth Editions, 2017.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!