„Оловно време“ (германски: Die bleierne Zeit) — германски филм од 1981 година во режија на Маргаретe фон Трота (Margarethe von Trotta), која е авторка и на сценариото. Главните улоги ги играат: Јута Лампе (Jutta Lampe), Барбара Сукова (Barbara Sukowa) и Ридигер Фоглер (Rüdiger Vogler). Филмот освоил бројни награди, меѓу кои и „Златниот лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал, а Лампе и Сукова биле наградени со „Златен феникс“ за своите улоги.[1]
Синопсис
Две сестри на свој начин се борат за женските права. Јулијане е новинарка, а Маријане е терористка. Кога Маријане ќе заврши в затвор, Јулијане се чувствува должна да ѝ помогне и покрај нивните различни погледи на светот...
Наводи