Предвидено е во 2013 г. паркот да биде преименуван во Олимписки парк „Кралица Елизабета“ (Queen Elizabeth Olympic Park), со неговото повторно отворање по игрите. Паркот ќе го носи името на кралицата Елизабета II, по повод нејзиниот дијамантски јубилеј кој ќе биде одбележан во јуни 2012.[1]
Проектирање и изградба
Проектанти на паркот се EDAW (со Buro Happold), во соработка со Arup и Atkins, и треба да биде завршен во 2011 г. Подоцна задачата за проектирањето припаднала на LDA Design и Hargreaves Associates кои ги надополнуваат своите замисли врз основа на претходните.
Според првичните планови, паркот требал да содржи четири арени, но подоцна е одлучено да има само три (преместувајќи го ракометот во изложбениот центар Ерлс Корт).[2] Потоа е откажана и мечувалската арена (преместувајќи го мечувањето во изложбениот центар ExCeL). Преостанатите две покриени игралишта се Кошаркарската и Ракометната арена.
Во подготвителните фази се отстранети 52 импозантни далноводи со висина, секој по 65 м кои дотогаш доминирале во ова подрачје. Изградени се и тунелите за спроведување на кабли. За обезбедување на доволен простор се преместени и неколку фирми.
Олимпискиот парк ќе биде претворен во еден од најголемите урбани паркови во Европа, предвиден да ја збогати локалната екологија со барски подрачја и домородни видови на растенија.
По олимпијадата ќе се отвори нов универзитет за спорт, дигитални медиуми и екотехнологија кој ќе ги искористи спортските игралишта и високотехнолошката комуникациска инфраструктура.
Спортските објекти ќе бидат ставени на располагање на локалните спортски клубови и друштва.
Олимпиското село ќе биде претворено во 3.600 станови во населбата „Стратфорд Сити“.
Ќе се вратат парцелните градини „Манор Гарден“
Изградба на уште објекти за домување и урбан живот.
Во паркот ќе биде поставена челичната кула „ArcelorMittal Orbit“ која ќе биде уметничко дело со најголеми димензии во Велика Британија.[6]