1. На 02.06.1993 формирана е првата тенковска единица (Центар за обука на родот ОМЕ), со пет тенка Т-34, во составот на 1. гардиска бригада, која е наменета за обука на редовниот војнички состав.
2. На 06.09.1999 година формиран е оклопен батаљон Т-55, со средства кои беа донирани од Р. Бугарија и Р. грција.
3. На 19.12.2001 година оклопниот батаљон Т-55 прераснува во оклопен батаљон Т-72 „А“, кој е опремен со средства купени од Украина.
4. Со трансформацијата на АРМ, на ден 14.04.2006 година оклопниот батаљон Т-72 се трансформира во оклопен батаљон Т-72 „Б“.
МИСИЈА
Да се оспособат и подготват, војниците, старешините и единиците за одбрана и заштита на територијалниот интегритет, независноста и суверенитет на Република Македонија од сите можни закани, како и во справување со природни непогоди и други несреќи.
Со примена на стандарди и по наредба на ЗОК (како стратегиска резерва) да изврши марш и изведува мобилни, комбинирани, одбранбени и нападни операции во зоната на одговорност. Да изврши обезбедување на објекти од стратегиско значење.
Во моментов единицата располага со 31 тенк, кој по влегувањето на република Макдедонија во НАТО ќе бидат повлечени според барањата на НАТО.Со тоа Македонија ќе остане без тенкови и тенковски единици.
СУШТИНСКИ ЗАДАЧИ
1. Организација и изведување на дефанзивни, офанзивни и специјални операции во сите услови.
2. Спроведување на командување и контрола.
3. Плански, организиран и правовремен оперативен развој и маневар.
4. Поседнување на планираните локации и реони.
5. Организација на тактичко разузнување и заштита на силите.
6. Обука на персоналот и изведување на ТВ и ТВБГ на ниво посада-вод-чета.
7. Подготовка и оспособување на силите за давање помош во случаи на природни непогоди и други несреќи.