Ограѓе — археолошко наоѓалиште во битолското село Горна Чарлија. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на 100 м јужно од селото, каде на површина од околу 1 хектар, при обработувањето на земјата се откриени фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Според исказите на месен жител, овде било најдено земјено сатче околу кое имало јагленчиња.[1]
Поврзано
Наводи