Обработувач на информации

Работа на обработувачот на информации

Обработувач на информации или систем за обработка на информации (СОИ) е систем (било електричен, механички или биолошки) кој зема информации (низа набројани состојби) во еден облик и ги обработува (преобразува) во друг облик, на пр. во статистика, по пат на алгоритамска постапка.

Секој систем за обработка на информации е сочинет од четири основни дела, или потсистеми:

Еден објект може да се смета за обработувач на информации кога прима информации од друг објект и на извисен начин ги менува, пред да ги пренесе. Оваа поширока дефиниција важи за секоја промена во универзумот. Пример за ова може биде и камен кој паѓа, и тоа заради следниве воочливи факти:

Најпрвин, информацијата од Земјината тежа служи како влез во системот наречен камен. Во даден момент каменот е на дадено растојание од Земјиното тло, и патува со дадена брзина. Својствата „моментално растојание“ и „брзина“ исто така претставуваат облици на информации кои само во тој момент може да се сметаат за „складирани“ во каменот.

Во следниот момент растојанието на каменот од тлото веќе е променето, заради движењето под влијание на Земјината тежа. Секојпат кога се менуваат својствата на некој објект се случува процес и делува некој вид на обработувач. Покрај ова, сегашната положба и зголемена брзина на каменот ја воочуваме и ние. Овие изменети својства на каменот можат да се наречат „излез“.

Поврзано

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!