1 мртов генерал (тврдење на владата)[2]
104 мртви војници[3]
околу 80 војници се предале[2][4]
околу 6000 уапсени (вклучувајќи 8 генерали, 2,839 војници и 2,745 судски и управни судии и јавни обвинители)[5][6]
119 мртви цивили[5] 290+ убиени и 1,440 повредени вкупно[5][9]
На 15 јули2016, се случил обид за државен удар во Турција започнат од група воени службеници. Обидот за државен удар е потврден од страна на турскиот премиер Бинали Јилдирим[10] и претседателот Реџеп Таип Ердоган.[2][11]
Претседателот Ердоган ги повика луѓето да излезат на улиците против обидот за државен удар.[12]
Заднина
Од основањето на турската модерна држава па навака, вооружените сили на Турција извршиле три државни удари, во 1960, 1971 и 1980, а во 1997 година интервенирале преку војниот меморандум.[13] Војската во Турција, од историска перспектива е гледана како заштитник на државата и начелата кој ги воспоставил Мустафа Кемал Ататурк, иако години пред ударот во 2016 година, особено после аферата Егенекон, се сметало дека цивилни службеници почнале да воспоставуваат доминација над војската.[13]