Носач на звук

Носач на звук е медиум на кој е складиран одреден звук, најчесто музика.

Историски развој

Восочните фонографски цилиндри ги претставуваат зачетоците на носачите на звукот. Тие се појавиле во доцните 1880-ти, а нив ги пронашол американскиот пронаоѓач Томас Едисон. На нив била снимена музика во траење од најмногу две минути. Веќе на почетокот на 20 век се појавиле грамофонските плочи - изработени од поливинил и со димензии од 17, 25 и 35 сантиметри. Во 1963 година се појавил нов носач на звукот - аудио касетата, која претставува мала пластична кутија во која се наоѓа магнетофонска лента. Нивниот капацитет на складирање музика изнесувал 45, 60 и 90 минути. Во 1982 година, за првпат се појавиле коммпактните дискови кои претставуваат едне вид дигитални плочи со тркалезна форма. Со развојот на информациската технологија се појавиле нови форми за складирање звук од кои најраспространети се дигиталните формати познати како МР3 и МР4.[1]

Наводи

  1. „На плочите им требаа четириесет години да застарат, а на ЦД-ата само четири“, Скопско ЕХО, бр. 36, 17 август 2017, стр. 20.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!