Норвешка шума (ノルウェイの森 (Noruwei no Moricode: ja is deprecated )) е роман од 1987 на јапонскиот писател Харуки Мураками.[1] Романот раскажува носталгична приказна за загубата и за будечката сексуалност.[2] Приказната е раскажана во прво лице преку ликот на Тору Ватанабе, кој се присетува на своите студентски денови во Токио.[3] Преку сеќавањата на Ватанабе, читателите го следат развојот на врски со две различни девојки—убавата, но емоционално нестабилна Наоко, и комуникативната и жива Мидори.[4]
Дејството на романот се одвива кон крајот на 1960-тите во Токио, во период кога јапонските студенти, како и оние на многу други држави, протестирале против воспоставениот поредок.[5] Иако служи само како подлога за дејството во романот, Мураками (низ очите на Ватанабе и Мидори) го прикажува студентското движење како претежно слабоволно и лицемерно.
Мураками го адаптирал првиот дел од романот од ран претходен расказ, со име „Светулка“. Приказната подоцна беше вклучена во колекцијата Слепа врба, Заспана жена.[6]
Норвешка шума има доживеано огромна популарност кај јапонската младина и го има претворено Мураками во супер-ѕвезда во неговата родна земја (наспроти неговото лично незадоволство со популарноста).[7][8] Во 2010 година излегува истоимената филмска адаптација, во режија на Тран Анх Хунг.
Ликови
Тору Ватанабе (ワタナベ トオルcode: ja is deprecated , Watanabe Tōru) - главниот јунак и раскажувач. Просечен студент на драмскиот факултет во Токио. Неговата заинтересираност за драмата е произволна и неодредена. За разлика од повеќето студенти, тој е заинтересиран за западната, а особено за американската литература Тој е најдобриот пријател на Кизуки и развива романтични врски со Наоко, а подоцна и Мидори.
Наоко (直子code: ja is deprecated , Naoko) - убава, но емотивно кревка девојка, отпрвин во врска со Кизуки, а подоцна во врска со Ватанабе. Постарата сестра на Наоко го одзема животот на 17 години, што заедно со самоубиството на Кизуки има траен ефект врз емоционалната стабилност на Наоко.
Мидори Кобајаши (小林 緑code: ja is deprecated , Kobayashi Midori) - жива, комуникативна и провокативна соученичка на Ватанабе. Таа и нејзината сестра му помагаат на нивниот отсутен татко да раководи со мала книжарница по смртта на нејзината мајка од рак на мозок. Таа првично има момче, но развива чувства кон Ватанабе, откако повеќе го запознава, ставајќи го Ватанабе во тешка ситуација.