Капетанот Џејмс Кук им го даде името на островите, иако пред него имаа пристигнато португалски и француски истражувачи. Со оваа територија заеднички владееле Велика Британија и Франција во периодот 1906-1980 фо форма на кондоминиум. Со стекнувањето на независноста во 1980 година, новата држава го променила колонијалното име и оттогаш се нарекува Вануату.
Џејмс Кук ги посети островите во 1774 година и ги запиша на неговата мапа, а Французите дојдоа овде во XVIII век. Британските и француските сопственици на плантажи имаа посед на голем дел од земјата до крајот на XIX век. Во 1906 година, двете колонијални сили се договориле заеднички да ја контролираат земјата. Месните жители имале можност преку бирање од која страна ќе бидат судени во случај на парница, според британски или француски закони.
Оваа ситуација се задржува до 1980 година, кога Вануату стекнува независност после Кокосовата војна. Колонијалното време сѐ уште има влијание на Вануату. Се зборува и француски и англиски јазик и постојат два образовни системи.