Новачки манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Новаци.[1]
Местоположба
Манастирот се наоѓа на левиот брег на Црна Река, непосредно откако од десната страна ја прима реката Драгор. Од селото Новаци е оддалечен околу 1 км.[2]
Историја
Манастирот бил подигнат со изградбата на манастирската црква во 2006 година.[2] Осветувањето на црквата било извршено на 13 јуни 2009 година, на празникот Педесетница, од страна на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, кога и бил поставен камен-темелник за изградба на конакот.[3]
Градби
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак и помошни објекти.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Градбата на црквата претставува монументален крстокуполен храм со осум куполи покриени со бакарни плочи.[2] Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со полукружен мозаик на којшто е претстсавена Богородица со Исус.
Галерија
Наводи
Надворешни врски