Новата Жена беше феминистички идеал кој се појави во крајот на 19 век и имаше големо влијание на феминизмот и во 20 век. Поимот "Нова жена" беше популаризирана од страна на британскиот-американски писател Хенри Џејмс, за да се опише растот на бројот на феминистички, образовани, независни жени посветени на кариерата во Европа и во САД.[1] Новата Жена беше предизвик за границите поставени од страна на машко-доминираното општество. Терминот Нова Жена се однесуваше на жени кои имале контрола врз сопствените животи било да е лична, општествениа или економска.[2]
Пост-средно и професионално образование
Иако Новата Жена станувала се поактивен учесник во животот како член на општеството и на работната сила, таа беше најчесто прикажана во домашната и приватната сфера во литературата, театарот, и другите уметнички репрезентации.[3] Суфрагетското движење од 19 век за да се добиат демократски права за жените беше најважното влијание на Новата Жена. Образованието и можностите за вработување се зголемиле за жените, како што западните земји станале се поурбани и индустриски. Во 1870 година, жените во професиите беа само 6,4% од не-земјоделската работна сила во САД; ова се зголеми на 10% во 1900 година, потоа на 13,3% во 1920 година.[4]
Поголем број на жени го освојувале правото да присуствуваат на универзитет или колеџ. Некои добивале стручно образование, и станувале адвокати, лекари, новинари и професори, често во престижните колеџи само за жени, како во училиштата од Седум Сестри: Бернард, Брин Мар, Холиок, Редклиф, Смит, Васар и Велесли. Новата Жена во САД учествувала во пост-средното образование во поголем број во почетокот на 20 век. Алис Фримен Палмер стана првата жена претседател на Велесли во 1881 година.
Сексуалноста и општествените очекувања
Автономијата беше радикална цел за жените кон крајот на 19 век. Појавата на образовните и кариерни можности за жените во почетокот на 20 век, како и нови законски права за сопственост (иако сè уште не за гласање), значело дека тие биле во нова позиција на слобода и избор кога станува збор за брачни и сексуални партнери. Новата Жена ставила голема важност на нејзината сексуална автономија, иако било тешко да се стави во пракса, бидејќи општество сè уште изразувало гласно неодобрување на каков бил знак на женска разблудност. За жените во Викторијанската ера, каква било сексуална активност надвор од бракот беше судена како неморална. Промените на законот за развод за време на доцниот 19 век даде повод за Новата Жена, која би можела да преживее развод и да ја одржи економската независност, а и се зголемил бројот на разведени жени кои се премажиле.[5]
Некои членови на овој тренд нашле слобода да се вклучат во лезбејски односи преку нивните мрежи во женските групи. За некои од овие жени, "да љубат други жени стана начин да избегаат од машката доминација својствена за хетеросексуалните односи".[6]
Наводи
↑Stevens, Hugh (2008). Henry James and Sexuality. Cambridge University Press. стр. 27. ISBN9780521089852.
↑Bordin, Ruth Birgitta Anderson (1993). Alice Freeman Palmer: The Evolution of a New Woman. University of Michigan Press. стр. 2. ISBN9780472103928.
↑Lavender, Catherine. „Notes on The New Woman“(PDF). The College of Staten Island/CUNY. Архивирано од изворникот(PDF) на 2014-10-28. Посетено на 27 October 2014.
↑Lavender, Catherine. „Notes on The New Woman“(PDF). The College of Staten Island/CUNY. Архивирано од изворникот(PDF) на 2014-10-28. Посетено на 27 October 2014.
↑Lavender, Catherine. „Notes on The New Woman“(PDF). The College of Staten Island/CUNY. Архивирано од изворникот(PDF) на 2014-10-28. Посетено на 27 October 2014.
Дополнителни информации
A New Woman Reader, ed. Carolyn Christensen Nelson (Broadview Press: 2000) (ISBN 1-55111-295-7) (contains the text of Sydney Grundy's 1894 satirical comedy actually entitled The New Woman)
Martha H. Patterson: Beyond the Gibson Girl: Reimagining the American New Woman, 1895-1915 (University of Illinois Press: 2005) (ISBN 0-252-03017-6)
Sheila Rowbotham: A Century of Women. The History of Women in Britain and the United States (Penguin Books: 1999) (ISBN 0-14-027902-4), Chapters 1-3.
Patterson, Martha H. The American New Woman Revisited. New Brunswick: Rutgers University Press, 2008.
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!