Израелскиот нов шекел ( хебрејски: שֶׁקֶל חָדָשׁ „ Шекел Хадаш “; арап.شيكل جديد „ Шекел Џадид “; ознака: ₪ ; код: ILS), познат и како израелски шекел (хебрејски: שקל ישראלי , арап.شيكل إسرائيلي) — валута во Израел и исто така се користи како законско средство за плаќање на палестинските територии на Западниот Брег и Појасот Газа. Еден шекел е еднаков на 100 агори. Новиот шекел бил воведен на 1 јануари 1986 година, кога го заменил стариот шекел во сооднос од 1000:1.
Валутната ознака за новиот шекел ⟨₪⟩ е комбинација од првите хебрејски букви од зборовите шекел (ש) и ẖадаш (ח)(нов). Неофицијално се користи и кратенката NIS ( ש״ח и ش.ج ) за да се деноминираат цените, која исто така се појавува и на веб-страницата на Банката на Израел. Но, официјален код на новиот израелски шекел е ILS, и како таков е внесен во Меѓународната организација за стандардизација под ISO 4217.
Историја
Името „шекел “ (שֶׁקֶל ) потекнува од древната библиска валута со исто име. Во Библијата се споменува дека Авраам му платил „четиристотини шекели сребро“ на Хетеецот Ефрон за Пештерата на Патријарсите во Хеврон.[4] Шекел била стара мерка за тежина или валута во древниот Израел, од хебрејскиот корен ש-ק-ל (š-ql) што значи „тежи“, а зборот го има и во другите семитски јазици како акадскиот (šaqālu и šiqlu) [5] и арамејскиот (תְּקַל teqal и תִּקְלָא tiqla).[6] На почетокот, можеби се однесувал на тежина на јачмен. Во древниот Израел, било познато дека шекелот е околу 180 зрна (11 грама или 0,35 троини унци).
По создавањето на современата држава Израел, Англо-палестинската банка во периодот од 14 мај 1948 година до 1952 година подолжила да издава банкноти познати под името палестинска фунта која била врзана за британската фунта.[7] Во 1952 година, Англо-палестинската банка го променила своето име во Национална банка на Израел (Bank Leumi Le-Yisrael), а името на валутата било променето во израелска фунта.[8]
Израелска фунта (1952 — 1980)
Израелската фунта (לירה ישראלית , „лира јизраелит“) била официјална валута во Израел од јуни 1952 година до 23 февруари 1980 година, кога била заменета со шекел. Од 1955 година, по основањето на Банката на Израел таа банка била задолжена за издавање банкноти, на кои се користело само хебрејското име, заедно со симболот „I£“.[9] Од 1 јануари 1954 г., израелската фунта повеќе не била врзана за британската фунта, а во 1960 година, подединицата на израелската фунта била променета од 1000 прути на 100 агори.
Во текот на 1960-тите бил донесен закон со кој му се наложува на министерот за финансии да го смени името на валутата во хебрејското име, шекел (שקל). Законот стапил на сила дури во февруари 1980 година, кога израелската влада одлучи да го промени монетарниот систем и да го воведе шекелот по курс од 1 шекел = 10 фунти.
Шекел (1980 — 1985)
Шекелот, денес познат како стар шекел, бил валута во Израел од 24 февруари 1980 до 31 декември 1985 година. Оваа валута како и израелската фунта, честопати девалвирале во однос на странските валути. Нестабилноста кулминирала на почетокот од 1980-тите кога стариот шекел доживеал хиперинфлација. Со Планот за економска стабилизација од 1985 година инфлацијата била зауздана, а бил воведен и новиот шекел, кој го заменил стариот шекел на 1 јануари 1986 година по стапка од 1000 IS за ₪1.
Нов шекел (1985—)
По економската криза во 1980-тите и воведувањето на новиот шекел во 1985 година, Банката на Израел и владата на Израел применувале внимателна и конзервативна фискална и монетарна политика. Исто така, со потпишувањето на договори за слободна трговија израелската економија станала поконкурентна, а инвестициите во индустријата и науката ѝ овозможиле на земјата да ги искористи можностите поврзани со порастот на глобалната економија на знаење, со што значително се зголемил извозот и се отвориле нови пазари за израелските производи и услуги. Како резултат на овие фактори, инфлацијата била релативно ниска, а земјата има позитивен биланс на плаќања т.е. суфицит на тековната сметка кој изнесува околу 3% од БДП на Израел во 2010 година. Поради ова, вредноста на валутата зајакнала, и во периодот од 2001 до 2011 апрецијацијата изнесувала приближно 20% во однос на вредноста на американскиот долар.
Од 1 јануари 2003 година, новиот шекел е конвертибилна валута. Од 7 мај 2006 година на берзата во Чикаго започнало тргувањето со деривати на новиот израелски шекел. Со ова новиот шекел е една од дваесетината валути за кои има валутни фјучерси на девизниот пазар. Исто така, оваа валута може да се тргува од потрошувачите во многу делови од светот.[10][11]
Монети
Во 1985 година, биле воведени монети во апоени од 1, 5 и 10 агори, ½ и 1 нов шекел.[12] Во 1990 година била воведена монетата од 5 нови шекели,[13] а во 1995 и монетата од 10 ₪.[14] На 9 декември 2007 била воведена монета од 2 ₪.[15] Монетата од 5 агори престанала да се кова во 2007 година, а била повлечена од оптек на 1 јануари 2008 година.[16]
На 4 септември 1985 година биле воведени банкноти во апоени од ₪5, 10 ₪ и 50 ₪. На 8 мај 1986 била воведена банкнота од ₪1, а на 19 август 1986 година банкнота од ₪100. Конечно, на 2 април 1988 година, била пуштена во оптек банкнота од ₪20 и на 16 февруари 1992 банкнотата од ₪200.[17] Банкнотите од ₪1, ₪5 и ₪10 го користеле истиот дизајн како и претходните банкноти од IS 1000, 5000 и 10 000 банкноти, но со изменета деноминација.
Банкнотите од ₪1, ₪5 и ₪10 подоцна биле заменети со монети. На многу од овие монети, при нивното прво ковање, биле изгравирани слики на личностите од соодветните банкноти.
Поглед на Ерусалим, источноевропски држави, поставки на приказните од Агнон.
4 септември 1985
1 јули 2000
100 ₪
кафеава
Јицак Бен-Зви
Синагогата Пекиин со рогач и пештера; древна камена светилка
19 август 1986 година
1 јули 2000 година
200 ₪
црвено
Залман Шазар
Девојка пишува на биро како симбол на Законот за задолжително образование што го иницирал Шазар, во позадина се хебрејски букви
16 февруари 1992
1 јули 2000
Серија Б (1999–2017)
Втората серија банкноти била пуштена во оптек во 1999 година, и целосно ја замениле првата серија во 2005 година. Намерата за издавање на банкнота од ₪500, со портретот од Јицак Рабин, била објавена веднаш по атентатот на Рабин во 1995 година. Но, поради ниските стапки на инфлација, немало потреба од ваква банкнота и не била издадена.[18]
Втора серија на новиот шекел
Слика
Вредност
Димензии
Боја
Аверс
Обратно
Датум на издавање
₪20
71x138 мм
Зелена
Моше Шарет
Еврејски доброволци во Втората светска војна; караула, во знак на сеќавање на населбите од ѕид и кула
3 јануари 1999
₪20
Зелена
Моше Шарет
Еврејски доброволци во Втората светска војна; караула, во знак на сеќавање на населбите од ѕид и кула. На хебрејски со црвено мастило на банкнотата е донапишано „60 години од државата Израел“. Биле испечатени во 1.8 милиони примероци околу таа годишнина и текстот го нема на повеќето банкноти.
1 SUR престана да постои во 1993 година и беше заменет со Руска рубља. 2DEM престана да постои во 1999 година и беше заменета со Евро. 3 FRF престана да постои во 1999 година и беше заменет со Евро.