Филмовите од „новиот бран“ се одликуваат со опуштена структура, со многу импровизација во кадрирањето, во начинот на раскажувањето на филмската приказна и во изведбата на глумците. Режисерите не располагале со големи буџети, но со иновативниот и оригинален пристап оствариле големо влијание врз развојот на современиот филм.[1]