Нов Бугарски универзитет познат како НБУ е приватен универзитет чие главно седиште се наоѓа во Софија, Бугарија.
Иницијатор на идејата за Нов Бугарски универзитет бил професорот Богдан Богданов. Универзитетот е основан на 18 септември1991 година со одлука на Седмото Големо Народно Собрание. Во 2001 и 2005 година НБУ добил институционална акредитација од Националната агенција за оценување и акредитација. Во 2004 година Универзитетот бил акредитиран и од The Open University во Велика Британија.
Универзитетот располага со сопствена библиотека и сопствено издаваштво. Во Нов Бугарски универзитет се обучуваат годишно околу 12.000 студенти во 37 дипломски, 69 магистерски и 26 докторски програми.
Образовната филозофија се заснова на либералната идеја за образование. Мисијата на Новиот Бугарски универзитет е:
да биде ориентирана кон своите ученици како автономна академска институција за изградба на претприемнички личности одговорни за сопствениот развој.
да биде средина за развој на општествено ангажирани личности, подготвени за живот во услови на демократија, граѓанско општество, пазарни односи, европско и светско интегрирање.
да биде либерална академска институција, основана на врската помеѓу образованието, истражувањето и претпријатие.
да обезбедува дисциплинирано стручно образование, засновано на истражувања со практиката.
Од 2012 година НБУ започнал да издава каталог на најдобри студенти, чија цел е да ги претстави соодветните кандидати со високи академски и креативни успеси пред бизнис секторот во Бугарија и странство.
Мотото на универзитетот е „Ne varietatem timeamus“ - „Да не се плашиме од различноста“.